Достапни линкови

Османи очекува најдобар извештај за напредокот на земјата


Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, очекува извештајот на напредокот на Македонија кон ЕУ да даде чиста препорака за старт на преговори и да биде најдобар досега. Тој го повика и претседателот на државата да остави позитивен трага во историјата на државата и да го потпише законот за јазици. Османи денеска во Брисел ги имаше последните средби пред објавувањето на годишниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ. Тој се сретна со високата претставничка за надворешна политика, Федерика Могерини, европратеникот Ханс Ван Бален како и со шефот на кабинет на претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск. По средбата оцени дека позитивна енергија преовладува кај сите соговорници и дека има впечаток дека е препознаен напредокот, за кој е заслужно целото општество. Вицепремиерот очекува главните критики во извештајот да се однесуваат на именувања и отпуштања во јавната администрација како и прашања кои се однесуваат на медиумите.

XS
SM
MD
LG