Достапни линкови

Потврдена анализата на Британија за случајот Скрипал


Сергеј Скрипал

Организацијата за забрана на хемиско оружје денеска ја потврди анализата на Британија за тоа кој вид на хемиски отров се користел во труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Според соопштението, наодите се исти, но не ја посочуваат супстанцијата која била искористена, туку само дека била со висока чистота.

Британија ги обвинува руските власти за нападот врз Скрипал и неговата ќерка со хемискиот гас познат како Новичок кој бил развиен за време на Советскиот сојуз. Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон посочи дека сега нема сомневања за што било користено и дека само Русија ги имала можностите и мотивот.

XS
SM
MD
LG