Достапни линкови

Османи ја информирал Могерини за напредокот на Македонија кон ЕУ


Вицепремиерот Бујар Османи

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната средба со шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини во Брисел го презентирал напредокот што Македонија го направила во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и во останатите пречки на евроинтегративниот пат.

Тој порачал дека во последните денови пред објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ во Собранието се носат и последните реформски закони за кои е потребна поддршка од две третини од пратениците и за кои во последен момент се обезбедил консензус за нивно изгласување со опозицијата.

Во периодот што претстои, како што истакнал Османи се очекува решение и за спорот за името со Грција, со што ќе се отстранат сите пречки на евроинтегративниот пат на Македонија. Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија треба да биде објавен на 17 април.

XS
SM
MD
LG