Достапни линкови

Усогласен текстот за временската рамка и иредентизмот


Прес-конференција на министрите за надворешни работи на Грција и на Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров во Охрид

Министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, во вилата Билјана во Охрид, изјави дека за дел од прашањата во надминување на разликите за спорот за името е постигнат напредок, а за дел се уште постојат разлики. За прав пат, како што рече, разговарале за временската рамка и за чекорите кои ќе се преземат доколку се постигне решение и како ќе се имплементира.

„Ова беше разговор без надмудрување со големо разбирање за потребите на другиот. Нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги отстраниме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди“, рече Димиторв.

Според Димитров, работните групи на двете страни работеле на текст за спречување на иредентизмот во Македонија и Грција и на преамбуларните параграфи од идниот билатерален договор. Коѕијас изрази благодарност до дипломатите од работните групи бидејќи забележан е напредок, посебно за рамката за заедничка соработка, но и за тешкото прашање кое се однесува на иредентизмот.

„Како што сфаќате колку што се доближуваме и ги решаваме нашите проблеми, остануваат помалку теми за решавање но тие се најтешките“ посочи Коѕијас.

Тој најави нивна повторна средба на 4 или 5 мај во Солун.

XS
SM
MD
LG