Достапни линкови

ЕУ ги продолжува санкциите против Иран


Знамето на Иран

ЕУ соопшти дека донела одлука да ги продолжи санкциите против Иран за уште една година. Според соопштението, мерките ќе бидат продолжени до 19 април наредната година како одговор на како што наведуваат, сериозните прекршувања на човековите права во Иран.

Санкциите вклучуваат забрана за патување и замрзнување на имот на 82 лица и една компанија, а за прв пат стапија на сила во 2011 година. Цел на санкциите се судии, обвинители и полициски службеници од земјата.

XS
SM
MD
LG