Достапни линкови

Јулија Скрипал ја одбила понудената помош од Русија


Јулија Скрипал

Јулија Скрипал, ќерката на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал изјави дека не сака никаква помош од Русија. Во соопштението кое британската полиција го објави во нејзино име се наведува дека руската амбасадата стапила во контакт со Јулија и љубезно и понудила помош на било кој начин.

„Во овој момент јас не сакам да ги користам нивните услуги, но доколку го променам моето мислење знам како да ги контактирам“, наведува Јулија, додавајќи дека е безбедна и дека се чувствува се подобро.

Јулија и нејзиниот татко беа отруени со нервен гас во британскиот град Салсбери. Руската амбасада во Лондон одговори дека се сомнева оти соопштението дошло директно од Јулија и инсистира на средба со неа и со нејзиниот татко. Според амбасадата, нивната ситуација повеќе изгледа како присилен притвор или затвор.

XS
SM
MD
LG