Достапни линкови

Собранието ќе гласа за реформските закони


Седница на Собранието на Македонија

Во Собранието на Македонија денеска ќе се гласаат закони од реформскиот пакет 3-6-9 на Владата, кои, според најавите, биле усогласени со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Реформските закони ќе се гласат во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 17 април. Закажани се четири собраниски седници, кои беа ставени на агендата на собранието во вторникот по велигденските празници, а одложени за денеска. Станува збор, меѓу другото, за дополнувања на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, за измени и дополнувања на законот за Заштита на сведоци, како и за измените на Законот за оружјето.

XS
SM
MD
LG