Достапни линкови

Нов 7 годишен мандат за претседателот на Азербејџан


Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и неговата сопруга Мехрибан, Баку, 11.04.2018.

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев освои 86 насто од гласовите на предвремените претседателски избори, соопшти изборната комисија врз основа на скоро сите пребројани гласови. Алиев кој е претседател веќе 15 години со тоа осовои уште еден, овојпат 7 годишен мандат на таа функција. Претходните беа по пет години. Водечките опозициски партии ги бојкотираа вчерашните избори на кои одѕвот бил над 74 проценти. 56 годишниот Алиев го наследи неговиот татко Гајдар Алиев, азербејџански моќник од советскиот комунистички период и претседател на земјата од 1993 до 2003 година.

XS
SM
MD
LG