Достапни линкови

Љубе Бошкоски и официјално советник за странски инвестиции на премиерот Заев


Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, и официјално е избран за посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев, потврдиле од Владата за МИА.

Според владините информации, објави МИА, Бошкоски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот конкурс.

Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс. Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин Земон, кој бил прворангиран од пријавените кои ги исполнуваат условите на конкурсот.

XS
SM
MD
LG