Достапни линкови

Пожарот во Министерството за правда ставен под контрола


Пожар во Министерството за правда во Скопје

Пожарот што попладнево избувна во Министерството за правда во центарот на Скопје е ставен под контрола. Нема повредени или загинати. Густ чад излегуваше од канцелариите на претпоследниот кат на министерството, каде што беа опожарени три канцеларии. Пожарникарските екипи се уште се на терен. Во гаснење на пожарот интервенираа 10 возила со 25 пожарникари. Сè уште не се знае причината за пожарот.

XS
SM
MD
LG