Достапни линкови

Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на 16 април


Луѓе со фантомки тепаа пратеници откако упаднаа во Собранието на 27 април 2018

Судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието, ќе продолжи на 16 април.

На денешното рочиште, што траеше шест часа, беа сослушани тројца сведоци, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ.

Џафери рече дека се случале извици „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“. Кирацовски рече дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците. Според него, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села. Манчевски додаде дека дека слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за Заев и Села, а дел генерално за сите.

На следното судско рочиште се очекува да сведочат тројца сведоци, меѓу кои и пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ.

XS
SM
MD
LG