Достапни линкови

Кирацовски тврди дека на 27 април Села и Заев биле главна цел


Александар Кирацовски, пратеник на СДСМ

Во Кривичниот суд по претседателот на Собранието, Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски сведочи и пратеникот Александар Кирацовски за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година.

Тој пред судот рече дека толпата наликувала на бесна орда која имала за цел да убие некого. Кирацовски порача и дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувајќи да уловат некои од пратениците. Според него, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села.

XS
SM
MD
LG