Достапни линкови

Вучиќ и Борисов се заложија за зачувување на мирот на Балканот


Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов

Српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска остварија средба во Мостар. Вучиќ изјави дека многу време е пред нив и многу нешта можат да се случат и пред претстојниот Самит во Софија, затоа важно е да направат се што е можно за да се зачуваат мирот и стабилноста на Балканот.

Борисов, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, истакна дека се зголемува интересот на инвеститорите за регионот и дека ЕУ се залага за мир и просперитет на Балканот.

„Дали и големите геополитички играчи го сакаат истото - не знам“, изјави Борисов и изрази надеж дека и колегите во Косово ќе продолжат во ист дух.

Тој оцени дека компликациите и конфликтите од пред две недели во Косово предизвикуваат загриженост кај сите, бидејќи раните се уште се свежи.

XS
SM
MD
LG