Достапни линкови

Неколку седници во Собранието на Македонија


Собранието на Македонија

Во Собранието на Македонија за денеска се закажани четири пленарни седници и седници на повеќе комисии. На дневен ред ќе се најдат дел од реформските закони од правосудството, меѓу нив за измени и дополнувања на законот за заштита на сведоци, реформскиот закон за судовите и дополнувањата на законот за јавното обвинителство и законот за кривична постапка, во второ читање. За утре се очекува да се одржи седница за гласање доверба на Владата, откако деновиве опозицијата го достави барањето до Собранието. Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, беше еден од мотивите за враќање на опозицијата во собранието.

XS
SM
MD
LG