Достапни линкови

Трамп: Во рок од 24 до 48 часа ќе одлучиме за одговорот на САД во Сирија


Архива: Претседателот на САД, Доналд Трамп.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека симптомите на жртвите од навеодниот напад со хемиско оружје на 7 април во сирискиот град Дума, се доследни на „асфиксирачките агенси„ и „нервни агенси од тој тип.“

Стејт департментот денеска соопшти дека не успеал да утврди каков тип на нервен агенс бил користен во нападот, додавајќи дека силите на сириската влада и нејзините сојузници Русија и Иран, отфрлаат пристап и истрага од страна на меѓународни набљудувачи.

Стејт департментот исто така соопшти дека Вашингтон се консултира со неговите сојузници за одговор и оти „ќе има последици за ова неприфатливо злосторство.“

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека ќе донесе одлука за одговорот на САД во рок од 24 до 48 часа.

Зборувајќи во собата во Белата куќа, Трамп рече: „Ако е Русија, ако е Иран, ако е Сирија, ако се сите заедно, ќе разгледаме.“

Американскиот секретар за одбрана Џим Матис денеска изјави дека не ги отфрлаат воздушните напади врз сириските владини сили, како одговор на убиството на најмалку 40 луѓе во нападот со токсичен гас.

XS
SM
MD
LG