Достапни линкови

Најмногу коментари за препукувањата меѓу Заев и Мицкоски


Архива: Средба на премиоерот Зоран Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Владата.

Препукувањата меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски, за тоа кој на кого може да му држи лекции по економија, е најкоментирана тема од нашите читатели на Фејсбук. Тие исто така коментираа за барањето за интерпелација на Владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Нова пресметка, со зборови, се разбира, помеѓу премиерот и лидер на СДСМ, Заев и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, откако Заев изјави дека може цел ден да му држи лекции по економија на Мицкоски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук напиша дека му се нуди на Заев да му одржи лекција по економија како професор.

Празникот си е празник, ама на нашата Фејсбук страница веднаш реакции. Зеко Демировиќ постирал: „Тешко на студентите кои ти ги учиш“, а некој што очигледно не сака да го открие својот вистински профил, потпишан со неразбирливи знаци слични на кинески или некои од далекуисточните писма коментира: „Па има разлика од бизнисмен кој практицира бизнис и од потрчко на пастир со професорска диплома... кој продолжува со кажување партиски лаги“. „Овие скаски требаше на твојот фирер да му ги кажуваш, професоре, во времето кога багателно ги трошевте народните пари, бандо криминална!“ – постирал Борис Костадинов, кој очигледно нема кратко паметење.

А на изјавата на Мицкоски дека очекува Собранието да расправа за нивната интерпелација за Владата в среда, Дино Нортон со индигнација го пишува своето мислење: „...Ти си само жеден за власт и ништо друго. Партијата на која ѝ припаѓаш ја ограби и уништи Македонија, а ти сега ќе ја опраиш, мизерио мизерна...“ А Кире Велјановски вели: „Од криминалново злосторничко здружение не се навикнати во опозиција. Нема сега пари. Секнаа, тоа ли е маката сега?“

Но има и други мислења во врска со враќањето на опозициската партија во Собранието и интерпелацијата на Владата. Џина Џина вели: „Нелегитимно Собрание, тирани, лажговци, ја украде државата оној од Муртино. Надвор, нема Собрание додека нема нови избори...“

И интервјуто на премиерот Заев за МИА во кое, покрај другото, вели дека не е можно земјава да влезе во НАТО со актуелната референца ФИРОМ предизвикало реакции на посетителите на ФБ страницата на РСЕ. Борислав Томчевски прашува „дали има некој да му каже на човеков дури и да направи сè за другите и како што ќе му кажат дека нема да влеземе во НАТО?“

Но и за оваа тема има различни мислења. Бобан Вукелиќ смета дека „чипуваните перени мали мозочиња наседнаа на новата приказна пласирана од нивното ВМРО дека само Путин и Русија се нивната светла иднина. Дали нивните деца отидоа во Русија за подобро утре или се во западните ’непријателски држави‘“. Фатмир Мемедоски повикува „сите да живееме во Европа, опаметете се, да нема омраза меѓу граѓаните, не е важно што си, сите сме Македонци“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG