Достапни линкови

Мицкоски до Заев – Да ви одржам лекција како професор – економијата тоне


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Работата дојде до таму Заев да држи лекции по економија, реагира лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и се понуди како професор да му одржи лекција на премиерот.

„Господине Заев бидејќи народот ја гледа и чувствува вашата лекција полна со криминал, терор, бизниси по теркот евро за Вицето, евро за црквата и патем фалење дека на истиот принцип се завршиле и земјиштата на „Ваанто, Сашeто и она зад Мирчо Свињарнико“, неспособност, незнаење и владеење со страв, сега јас како професор со повеќегодишно искуство да Ви ја кажам мојата, онаа вистинска, која ја споделува целата јавност, економијата тоне, а народот е осиромашен“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој вели дека има огромна задолженост, речиси и да нема капитални инвестиции, народот помалку троши зашто нема пари, а странските инвестиции се намалени.

Заев претходно рече дека Мицкоски не се снаоѓа добро кога зборува за економијата и му нуди лекции на економски план.

XS
SM
MD
LG