Достапни линкови

Иран ги предупреди САД да не го прекршуваат нуклеарниот договор


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани го предупреди Вашингтон дека ќе зажали доколку САД го прекршат меѓународниот нуклеарен договор постигнат во 2015 година. Тој порача дека Иран е поподготвен отколку што очекуваат САД и доколку го прекршат договорот резултатот ќе го видат за помалку од една недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските лидери да ги поправат, како што ги нарече, пропустите во договорот, а доколку тоа не се случи САД ќе воведат нови санкции врз Иран.

XS
SM
MD
LG