Достапни линкови

Итен состанок на Советот за безбедност на ОН за Сирија


По нападот во сирискиот град Дума

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок посветен на наводниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Дума. Состанокот е закажан по барање на 9 од 15 членки на Советот: САД, Британија, Франција, Полска, Холандија, Шведска, Кувајт, Перу и Брегот на слоновата коска. Опозициските сириски активисти наведуваат дека силите на сириската влада во воздушен напад во саботата употребиле отровен гас од кои настрадале најмалку 40 луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини сириските владини сили за нападот. Официјален Дамаск тоа го негира.

XS
SM
MD
LG