Достапни линкови

Меѓународен кривичен суд: Израел и Хамас можеби извршиле воени злосторства


Палестинци на протести по должина на границата меѓу Појасот Газа и Израел

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд во Хаг Фатоу Бенсоуда изрази загриженост дека Израел и палестински Хамас можеби извршиле воени злосторства во најновиот бран насилства во Појасот Газа. Во соопштението издадено вчера се истакнува сериозната загриженост поради тоа што израелски војници пукале врз Палестинци во текот на масовните протести по должина на границата меѓу Појасот Газа и Израел. Во соопштението исто така се наведува дека и „искористување на присуство на цивили за покривање на воени активности“ исто така може да биде воено злосторство.

XS
SM
MD
LG