Достапни линкови

Убедлива победа на партијата на Орбан на изборите во Унгарија


унгарскиот премиер Виктор Орбан

Националистичката, антимигрантска партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан убедливо победи на вчерашните парламентарни избори, покажуваат прелиминарните резултати. Изборната комисија соопшти дека врз основа на преброените над 98 насто од гласовите, Фидес освоила 48,8 проценти, што е многу повеќе од второ пласираната радикално националистичка партија Јобик која доби нешто над 27 проценти. Орбан доби трет последователен премиерски мандат врз отворено антимигрантска платформа. Опозициските партии страхуваат дека двотретинското мнозинство ќе му овозможи на Орбан кој го гледаат како авторитарен лидер, да ја зацврсти власта. Тоа ќе значи и полесно спроведување на уставните промени и продолжување на борбата против невладините организации.

XS
SM
MD
LG