Достапни линкови

Шпанскиот премиер сака „одржлив“ лидер на Каталонија


Шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека сака „одржлив“ претседател на Каталонија кој ќе „го почитува законот“. Тој ова го изјави на крајот на конвенцијата на неговата конзервативна Народна партија во Севиља.

Каталонскиот парламент вчера повторно го именуваше уапсениот сепаратистички лидер Жорди Санчез за кандидат за претседател на оваа шпанска покраина. Претседателот на каталонскиот парламент по четврти пат предлага кандидат – прво го предложи Карлес Пучдемон, кого Мадрид го смени, потоа го предложи Жорди Санчез по прв пат, па по него поранешниот портпарол на каталонската влада Жорди Турул, па сега повторно Санчез. Пучдемон вчера ја поддржа кандидатурата на Санчез.

Доколку новиот претседател на Каталонија не биде избран до 22 мај, ќе се одржат нови регионални избори. До изборот на нов лидер, Каталонија останува под директна управа на централната влада во Мадрид, која ѝ ја укина автономијата на покраината по едностраното прогласување независност на 27 октомври 2017 година.

XS
SM
MD
LG