Достапни линкови

Разговорите за името не влијаат на туризмот


Разговорите за името и раздвижувањето во преговорите меѓу Скопје и Атина не влијаат на туризмот и туристичкиот бран од Македонија кон Грција, смета Григорис Тасиос, претседателот на грчката Федерација на хотелиери и претседател на Сојузот на хотелиери од Халкидики.

„Мислам дека е многу јасно, со години назад дека политиката нема никаква врска со туризмот, не влијае негативно на туристичките бранови од Грција кон Скопје. Очекуваме и ние да видиме каква ќе биде разврската во преговорите меѓу владите, меѓу владата на нашата земја и владата од Скопје“, коментира Тасиос за МИА:

Додека пак на прашањето дали евентуалниот договор би влијаел позитивно на туризмот, вели дека трговските односи се добри, и едното не е поврзано со другото, па така тој лично, не очекува некакви особени промени по постигнувањето решение.

XS
SM
MD
LG