Достапни линкови

Бобан Илиќ во притвор до правосилноста на пресудата во случајот „Алмир“


Протест за правда за Алмир

Основниот суд во Куманово на барање на надлежен јавен обвинител од кумановското Основно јавно обвинителство му определи мерка притвор на Бобан Илиќ, кој беше осуден со првостепена пресуда за кривичното дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Обвинителот побарал Илиќ да биде задржан во притвор до правосилноста на пресудата, со цел да се обезбеди неговото присуство.

Илиќ во четвртокот беше осуден на шест години. Судот за виновен го прогласи и второобвинетиот Седат Алиу, таткото на Алмир, определувајќи му казна затвор од шест месеци. По девет месеци затвор, за сторено кривично дело насилство, добија трето и четвртообвинетите Сами Демири и Абдула Алиу.

XS
SM
MD
LG