Достапни линкови

Пуџдемон сака да продолжи да живее во Белгија


Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон изрази надеж дека, по завршувањето на правниот процес во Германија, ќе продолжи да живее во Белгија. Тој вчера беше ослободен од притвор во Германија, но му е забрането да ја напушти земјата.

Пуџдемон денеска од Берлин повторно ги повика шпанските власти да почнат разговори за отцепувањето на Каталонија.

Шпанија бара негова екстрадиција. Мадрид го обвинува за бунт и злоупотреба на јавни средства за организација на референдумот на независност на Каталонија минатата година.

XS
SM
MD
LG