Достапни линкови

Нови бомбардирања во Источна Гута


Цивили одат низ урнатините во Источна Гута.

Сириската армија и сојузниците ги интензивираа артилериските и воздушните напади врз градот Дума во Источна Гута, еден ден откако во воздушните напади врз последното упориште на бунтовниците во близина на Дамаск беа убиени најмалку 40 луѓе.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека од полноќ врз Гута биле извршени над 30 воздушни напади од страна на сириски и руски воени авиони. Хеликоптерите, пак, извршиле најмалку 25 бомбардирања. Опсерваторијата соопшти дека биле убиени најмалку осуммина цивили.

Владините сили и сојузниците вчера извршија жестоко бомбардирање врз Дума, во кое, според набљудувачите, загинаа над 40 цивили. Државната новинска агенција САНА објави дека бомбардирањата се одмазда за бомбардирањата на бунтовниците од Џаиш ал-Ислам врз областите под контрола на владата.

Илјадници луѓе избегаа од Дума во изминатите денови, но евакуацијата беше прекината на 5 април. Од 18 февруари, кога почна владината офанзива во Источна Гута, досега загинаа над 1600 цивили, а уште илјадници се ранети.

XS
SM
MD
LG