Достапни линкови

Кривична пријава против 12 лица за случајот во Мала Речица


Седиштето на ДУИ во Мала Речица

СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица за престрелката на 5 април во Мала Речица во која беше убиено едно лице, а двајца беа повредени.

Еден од осомничените е албански државјанин, а останатите 11 се од кумановско.

На десетмина им е одреден притвор од 30 дена, еден е недостапен, а еден поради здобиените тешки телесни повреди е задржан на болничко лекување.

Во престрелка меѓу две групи на 5 април во Мала Речица беше убиен Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово, а двајца беа повредени.

XS
SM
MD
LG