Достапни линкови

Дачиќ - Приштина би прифатила поделба на Косово, ако нема ментори


Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина би прифатила предлог за поделба на Косово ако со нив се разговара без ментори.

„Ако би разговарале отворено за поделба на Косово без ментори, Приштина тргнувајќи од свои интереси, би го прифатила тој предлог“, изјави Дачиќ.

Дачиќ додава дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат, бидејќи мислат дека прашањето за Косово го затвориле во 2008 година со тоа што признале независност.

Запрашан дали е точна изјавата на претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ дека претседателот на Србија Александар Вучиќ понудл југ на Србија за север на Косово, Дачиќ тврди дека „никакви разговори за обиди за трајно решение на Косово немало“.

XS
SM
MD
LG