Достапни линкови

Уште шест приведени за престрелката во Мала Речица


Седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Уште шест луѓе се приведени во врска со инцидент во Мала Речица. Дел од нив ги привела полицијата, а некои сами и се предале, потврдуваат од МВР за МИА. Приведените се во Секторот за внатрешни работи во Тетово. Претходно беа приведени четири луѓе за инцидентот.

Во оружениот инцидент што се случи во четвртокот во Мала Речица, беше убиен еден човек, а двајца се повредени. Во вооружениот инцидент убиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово.

XS
SM
MD
LG