Достапни линкови

Најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во Источна Гута


Сирија.

Најмалку 40 цивили загинаа во воздушните напади во Источна Гута, во близина на Дамаск во Сирија. Источна Гута е последната област под контрола на опозициските сили во земјата. Нападите доаѓаат откако пропаднаа последните разговори, под покровителство на Русија за повлекување на бунтовниците.

Сириските владини трупи со поддршка на Русија ја зазедоа речиси целата област освен најголемиот град Дума, каде остануваат бунтовниците меѓу илјадници цивили.

Москва на 1 април објави договор со бунтовничката група за повлекување на бунтовниците. За три дена беа евакуирани 3000 борци и многу повеќе цивили. Потоа операцијата се одолговлечи до крајот на неделата, по информациите дека бунтовничката група Џајл ал-Ислам е поделена за повлекувањето, по што сириската влада повторно почна со бомбардирање.

XS
SM
MD
LG