Достапни линкови

Бројот на починати од морбили во Романија достигна 46 лица


Вакцинирање против сипаници

Бројот на луѓе кои починале од морбили во Романија достигна 46 лица откако денеска почина деветмесечно бебе од Констанца.

Националниот центар за надзор на заразни болести соопшти дека бебето не било вакцинирано.

Оваа недела во Романија се регистрирани 204 нови случаи на морбили, со што вкупниот број на потврдени случаи на оваа заразна болест во земјата изнесува речиси 12 илјади болни.

XS
SM
MD
LG