Достапни линкови

Отруениот поранешен шпион Сергеј Скрипал „брзо се опоравува“


Архивска фотографија: Увид на местото каде што беа пронајдени онесвестени Сергеј Сркипал и неговата ќерка Јулија

Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал веќе не е во критична состојба и „брзо се опоравува“, информираат болнички извори во Велика Британија, каде што тој и неговата ќерка Јулија на почетокот на минатиот месец беа нападнати со нервен отров. Скрипал „добро реагира на терапијата, брзо се опоравува и веќе не е во критична состојба“, рече денеска директорката на болницата во Салсбери, Кристин Бланшард.

Сергеј и Јулија Скрипал биле изложени на моќен нервен отров и беа пронајдени онесвестени на една клупа во Салсбери во јужна Англија на 4 март. Британските власти ја обвинија Русија дека се обидела да ги убие со воениот хемиски отров „Новичок“, развиен во Советскиот Сојуз. Русија негира вмешаност. Овој спор драматично ги влоши односите меѓу Русија и Западот.

XS
SM
MD
LG