Достапни линкови

САД со нови санкции за лица и компании од Русија


Илустрација за санкции на САД врз Русија

САД воведоа санкции за 24 Руси меѓу кои има владини претставници и олигарси, како и за 14 компании, поради активности на земјата за поткопување на западните демократии, соопшти американското министерство за финансии.

"Руската влада се вклучи во голем бројактивности низ целиот свет, вклучително продолжува да го окупира Крим и да поттикнува насилство во источна Украина, снабдувајќи го режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад со оружје додека тој бомбардира цивили во земјата, обидувајќи се да ги потисне западните демократии и да презема злобни сајбер активности", посочи државниот секретар Стив Мнучин во соопштението.

Меѓу лицата врз кои ќе бидат спроведени санкциите се тајкунот Олег Дерипаска, директорот на Газпром, Алексеј Милер, шефот на Националната гарда, Виктор Золотов, како и министерот за внатрешни работи Владимир Колокцев.

XS
SM
MD
LG