Достапни линкови

На 24 години затвор осудена поранешна претседателка на Јужна Кореја


Парк Геун-хие

Судот во Јужна Кореја ја осуди поранешната претседателка на земјата Парк Геун-хие на 24 години затвор под обвинение за корупција и злоупотреба на моќта, односно мито, изнуда и протекување државни тајни. 66 годишната Парк исто така е казнета со 16,8 милиони долари.

Судијата Ким Се-јун изјави дека е неизбежно оти обвинетата треба да биде строго казнета за нејзините злодела со цел да се спречи еден претседател да ја злоупотреби моќта која му е дадена од народот и да предизвика хаос во државните работи. Парк извршила притисок врз 18 компании да платат 72,3 милиони долари на фондацијата управувана од нејзината пријателка Чои Сон-сил.

XS
SM
MD
LG