Достапни линкови

Русија бара блокирање на апликацијата Телеграм


Логото на Телеграм

Руското медиумско регулаторно тело побара од судот да ја блокира апликацијата за пораки Телеграм откако компанијата одби на федералната служба за безбедност да и даде пристап до пораките на корисниците.

Таквиот чекор може да предизвика загриженост дека Русија се обидува да ги намали интернет слободите по претседателските избори во март на кои нов мандат освои претседателот Владимир Путин. Коосновачот на Телеграм, Павел Дуров кој живее во самонаметнат егзил порача дека неговата компанија ќе се залага за слобода и приватност.

XS
SM
MD
LG