Достапни линкови

Приведени 4 лица за инцидентот во Мала Речица


Македонска полиција, МВР

Четири лица се приведени досега кои учествувале во престрелката што се случи вчера во тетовското село Мала Речица. Во вооружениот инцидентубиен е Неип Реџепи од огранокот на ДУИ во Куманово. Меѓу повредените лица, според очевидци, е и неговиот брат, Сабри Реџепи кој наводно, се здобил со лесна повреда на ногата.

Причините за престрелката во моментов се непознати, а се очекува денеска МВР на прес-конференција да соопшти повеќе детали во врска со случајот. Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантираше информациите дека во седиштето во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

XS
SM
MD
LG