Достапни линкови

ЕУ ги поздравува најавите на Косово за изработка на статутот на ЗСО


Maja Koцијанчич, портпарол на ЕУ

Европската унија денеска ја поздрави најавата дека претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај ја активирале раководната група која ќе работи на подготовка на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО), нагласувајќи дека Приштина има рок за тој процес од четири месеци.

Во текстот се нагласува дека овој „долгочекуван чекор“ овозможува почеток на импелентацијата на договорот за Заедницата на српски општини, што е обврска која Косово ја презеде во рамки на дијалогот Белград-Приштина во кој посредува ЕУ и која произлегува од спогодбите од Брисел од април 2013 и август 2015 година.

XS
SM
MD
LG