Достапни линкови

Заев најави реконструкција на Владата до крајот на месецот


Премиерот на Македонија Зоран Заев

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека до крајот на април се очекува да заврши реконструкцијата на Владата. Тој ова го најави при денешната посета на Штип, а на новинарско прашање дали министерското место за правда ќе остане за кадар на ДУИ, Заев со одговор дека преговорите за тоа прашање се во тек.

"Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место - министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија", рече Заев.

Инаку премиерот Заев е оптимист по средбата во Виена меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција за решавање на спорот за името, бидејќи како што рече има придвижување напред за прашањето.

XS
SM
MD
LG