Достапни линкови

Убиени 4 лица во напад на универзитет во Турција


Припадници на турската полиција, илустрација

Во напад во универзитет Осман Гази во турскиот град Ескишехир се убиени четворица вработени. Инцидентот се случил откако вооружен напаѓач влегол во универзитетот и почнал да пука.

Според извештаите, напаѓачот бил истражуван на универзитетот, а меѓу жртвите се заменик декан, секретарка и двајца членови на наставничкиот кадар. Полицијата го уапсила напаѓачот. Се уште не се знае мотивот за нападот.

XS
SM
MD
LG