Достапни линкови

Протести на опозицијата во Албанија


Лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша на денешните протести во Албанија

Албанската опозиција денеска во знак на протест блокира четири главни делници во земјата. Демонстрантите ја обвинуваат Владата за поврзаност со организиран криминал, зголемувањето на даноци и за сиромаштијата и бараат оставка од премиерот Еди Рама.

Главната опозициска Демократска партија ја бојкотираше и собраниската седница и ги повика граѓаните да не плаќаат даноци. Полицијата соопшти дека протестите се нелегални, бидејќи претходно не биле најавени.

XS
SM
MD
LG