Кремљ соопшти дека отстранување на профили на Фејсбук контролирани од страна на руски медиуми е непријателски чекор и цензура. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков го даде коментарот по неколку дена откако социјалната мрежа избришала дузина страни поврзани со руската „фабрика на тролови“ која е обвинета за користење на Фејсбук со цел да влијае на претседателските избори во САД во 2016 година.
Запрашан дали одлуката на Фејсбук е акт на непријателство и цензура, Песков потврдно одговори и изрази жалење. Фејсбук пред два дена отстрани 870 профили и 138 страници, како и 65 профили на Инстаграм, од кои 95 проценти беа на руски јазик.