Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека западнобалканската рута иако со помал интензитет се уште е жива. Тој на на дипломатски брифинг на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци порача дека по официјалното затворање на рутата, се појавиле голем број криумчари на мигранти и се почесто мигрантите се нивни жртви, а неретко се жртви и на трговија со луѓе.
Според него, проблематиката е виско на агендата на МВР, како и на ЕУ и на сите регионални и меѓународни организации. Спасовски посочи дека ЕУ го идентификува Западен Балкан како влезна порта за мигрантите.
Во текот на 2015 и првата половина на 2016 година меѓу 800.000 и еден милион лица транзитирале низ Македонија, при што околу 200 од нив побарале азил во земјата.