Достапни линкови

Илјадници луѓе на маршот во чест на Мартин Лутер Кинг


Мартин Лутер Кинг Џуниор и сопруга Корета, Монтгомери, Алабама, 22.03.1956.

Илјадници луѓе маршираа на улиците на американските градови во знак на сеќавање на борецот за граѓански права во Соединетите држави Мартин Лутер Кинг кој беше убиен пред 50 години. Претседателот Доналд Трамп на Твитер постави видео знак во сеќавање на Кинг, а во пораката наведе дека американскиот народ порано ќе ги постигне идеалите на Кинг од владата. Мартин Лутер Кинг во борбата за рамноправност на афроамериканците користеше методи на ненасилство и граѓанска непослушност. Тој на 4 април 1968 година беше убиен во Мемфис пред почетокот на промоцијата на „Кампањата на сиромашните“. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1964 година. Неговите говори, како што е „Имам сон“ од 1963 година, станаа дел од американското и светското наследство и пример на ненасилна борба за човековите права.

XS
SM
MD
LG