Достапни линкови

Македонија му се извини на Германецот приведен за ЦИА


Зградата на Министерство за надворешни работи

Македонија официјално му се извини на човекот кој незаконски бил уапсен и предаден на американските власти пред 14 години како дел од тајната програма на ЦИА.

Македонското министерство за надворешни работи и потврди на новинската агенција Асошиетед прес дека било испратено официјално извинување до германскиот државјанин Калед ел Масри.

Македонските безбедносни служби го затвориле Масри и го испрашувале над три недели пред да им биде предаден на агентите на ЦИА кои го трансферирале во Авганистан.

Во 2012 година Европскиот суд за човекови права за овој случај ја казни Македонија да плати компензација од 60 илјади евра.

XS
SM
MD
LG