Достапни линкови

Балтичките држави бараат од Трамп повеќе војници на источните граници на НАТО поради руска закана


Претседателите на трите балтички држави Литванија, Естонија и Латвија, бараат од американскиот претседател Доналд Трамп да ги зајакне американските сили во источниот дел на НАТО за да ја одврати Русија од нејзините намери во тој регион.

Барањето беше упатено до Трамп на состанок во Белата куќа на кој присуствуваа литванската претседателка Далија Грибаускаите, естонскиот претседател Керсти Калјулаид и претседателот на Латвија, Рајмонд Вејонис.

Овие претседатели се меѓу најсилните критичари на Русија во Европската унија, а нивната посета на Белата куѓа доаѓа по измешаните сигнали за намерите на Трамп во однос на политиката кон Кремљ.

За време на рзговорот, новинарите го слушнале Трамп како вели дека „веројатно никој не е посилен од Русија освен Доналд Трамп“.

XS
SM
MD
LG