Достапни линкови

Лидерот на руската опозиција Навални прави нова политичка партија


Рускиот опозициски лидер и критичар на рускиот претседател Владимир Путин и Кремљ, Алексеј Навални, планира да формира нова политичка партија, вели адвокатот на неговата Фондација за антикорупција, Иван Жданов.

Жданов на Твитер денес објави официјално писмо од Министерството за правда од 29 март, во кое се потврдува дека документите за регистрирање нова партија биле поднесени.

Жданов на Твитер напиша и дека конститутивниот конгрес на новата партија ќе се одржи на 19-ти мај, додавајќи дека новата партија до конгресот ќе има привремено име.

XS
SM
MD
LG