Достапни линкови

Москва не дозволи протест против сексуалното вознемирување


Московските градски власти не дозволија да се одржи протестот против сексуално вознемирување, што беше закажан за денес на централниот плоштад, пред ѕидините на Кремљ.

Активистката Алеона Попова изјави дека градските власти вчера им рекле на организаторите дека протестот не може да се организира, бидејќи веќе имало закажано друг јавен настан на плоштадот Манеж во исто време. Активистите размислуваа да го одржат протестс и без дозвола од властите.

Протестот против сексуалното вознемирување првично беше планиран за 29 март, но беше одложен поради денот на жалост за жртвите во пожарот во сибирскиот град Кемерово.

XS
SM
MD
LG