Достапни линкови

Комисија ќе утврдува кој е одговорен за „Млади поети“, суспендиран раководител во АМС


Директорот на АМС, Дарко Каевски

Формирање комисија за утврдување одговорност за членовите на стручната комисија ангажирана за селекција и избор за најдобри авторски дела како дел од конкурсот за реализација на проектот „Млади поети“, како и поведување дисциплинска одговорност и суспензија на раководителот на Секторот млади, се мерките што ќе ги преземе Агенцијата за млади и спорт за расветлување на случајот со двете песни со недолична содржина кои беа објавени во збирката, а кои предизвикаа големо внимание во јавноста.

За ова на прес-конференција информираше директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, кој додаде дека било утврдено оти постоело, како што рече, несовесно, нестручно, непрофесионално работење на неколкумина кои имале активна улога околу конкурост за издавањето на публикацијата на „Млади поети“.

XS
SM
MD
LG