Достапни линкови

Во воздушен напад во Авганистан загинале талибанци и цивили


Припадник на авганистанската полиција по бомбашки напад во земјата, илустрација

Во воздушен напад на авганистанските сили врз собир на талибанците во покраината Кундуз загинале најмалку 15 лица, а повредени биле 10, меѓу кои има и цивили. Според властите, нападот се случил за време на посетата на припадник на талибанскиот совет во градот Куета.

Авганистанската војска негира дека во нападот загинале цивили. Мисијата на ОН во Авганистан соопшти дека испратила тим во регионот за да ги испита наводите за загинати цивили.

XS
SM
MD
LG