Достапни линкови

Пендаровски тврди дека има алтернативи за НАТО, но не се квалитетни


Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски

Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски изјави денеска дека прашањето за Македонија не е дали постојат алтернативи за членството во НАТО, туку дали тие алтернативи се доволно квалитетни. Тој за време на научната тркалезна маса на Факултетот за безбедност порача дека првата алтернатива е Македонија да прогласи воено-политичка неутралност, а втората алтернатива е влез во евроазиски асоцијации.

Според него, базирано на анализи тоа нема да има никаква додадена вредност за Македонија. Пендаровски посочи дека придобивките за Македонија од членството во НАТО се огромни.

Во однос на спорот за името, тој истакна дека ако сега не се реши прашањето, треба да се продолжи со преговорите, се додека не се најде достоинствено решение.

XS
SM
MD
LG